А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Регион

Приштина и Јужна Митровица ќе добијат градоначалници во вториот круг од изборите

by А1он13/10/2025 - 07:2413/10/2025 - 07:25609
Share0

Приштина и Јужна Митровица ќе избираат градоначалници во вториот круг од локалните избори што ќе се одржат на 9 ноември. Во првиот круг, ниту еден од кандидатите не освоил повеќе од 50 проценти од гласовите, според податоците објавени на веб-страницата на Централната изборна комисија во Приштина (ЦИК).

Следете a1on на Instagram Instagram

Според овие податоци, кандидатите на Самоопределување водат во првиот круг во Подуево, Косовска Каменица и Штимје, додека кандидатите на Демократскиот сојуз на Косово водат во Липљан. Во Србица, Генерал Јанковиќ и Феризај, кандидатите на Демократската партија на Косово се во водство, додека во Дечани, кандидатите на Алијансата за иднината на Косово се во водство.

Во Приштина, кандидатите на Демократскиот сојуз на Косово и Самоопределување се пласираат во вториот круг, исто и во во Јужна Митровица.

Во Липљан, кандидатите на Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово одат во вториот круг.

Следете a1on на Youtube YouTube

Bо Обилиќ во вториот круг се пласираа Демократскиот сојуз и Самоопределувањето, а во Вучитрн кандидатите на Демократскиот сојуз и Самоопределувањето.

Во Пеќ, Демократскиот сојуз на Косово и Самоопределувањето одат во вториот круг, а во Ѓаковица, кандидатите на Алијансата за иднината на Косово и Самоопределувањето одат во вториот круг.

Според податоците на ЦИК, излезноста на изборите била 39,51 процент, а највисока излезност е забележана во српските области.

izborikosovo

Би можело да ве интересира

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он07/09/2026 - 09:48

АфД e пред историска победа

Горан Наумовски06/09/2026 - 18:1706/09/2026 - 18:28

Кој е Беким Сејдиу – кандидатот за претседател на Косово?

А1он31/08/2026 - 16:3031/08/2026 - 17:35

Србија одби да игра против Косово и се повлече од Медитеранските игри

Предраг Петровиќ29/08/2026 - 15:3029/08/2026 - 15:31

Tачи: Очекувам да бидам ослободен од обвиненијата по сите точки

А1он21/08/2026 - 19:11

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

Горан Наумовски21/08/2026 - 10:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео