Движење Слободни и независни претставено од ПП Работничка партија Скопје пред поранешната фабрика ОХИС одржа прес-конференција од каде што порачаа :
1.Владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ги ставија во залог граѓаните на Скопје заради свои бизнис интереси.
Стопирано е чистењето на малата депонија во ОХИС од јануари 2025 година, а средствата обезбедени од државата и UNOPS се пренаменети за кампањата на градоначалникот на Чаир, ИЗЕТ МЕЏИТИ. На владеачките партии единствена цел им е власт на штета на општото здравје.
„Јавно ги повикувам Изет Меџити и Бујар Османи на соочување, за да ги отвориме овие прашања пред јавноста,“ истакна Ицо Колевски, кандидат за градоначалник на Чаир од Работничка партија.
2. Зошто ниту една институција не реагира и нема влезено во поранешна фабрика ОХИС?
Вработените во неколкуте активни погони во комплексот се изложени на непосредна опасност од депонираниот опасен отпад, кој постојано испарува токсични супстанции. Инспекторатите и министерствата молчат – дали е ова системски пропуст или директна заштита на криминалот?
3. Речиси сите погони се откупени за мали пари од приватни фирми, а земјиштето останува во сопственост на Република Македонија.
Се прашуваме: кој би купил објект во зона загадена со опасен отпад, освен ако не е поврзано со политички криминал? По чистењето на депониите, следува ремедијација на земјиштето на сметка на државата – но бенефициите одат кај т.н.р. бизнисмени . Класична шема: евтин откуп, државно чистење и профит за олигарсите. Симтоматично е што една од фирмите се појавува како инвеститор на зграда во Центар, веднаш до зградата на Нова Македонија. Дали планот е нова населба со згради?