Жителите на Газа поделени околу прекинот на огнот

Од:

Многу жители на Газа ја дочекаа веста за прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас со олеснување, но нивната надеж е ублажена и од сомнежи.

„Чувствувавме среќа, но болката и страдањето остануваат“, рече Ибрахим Шураб од Кан Јунис, кој сега живее во шаторски камп во Муваси, објави Скај њуз.

Невин Кудеех додаде дека тоа е првиот момент на вистинско олеснување откако започна војната.

„Сè уште сме на улица“, рече таа, чекајќи да се врати дома.

Во Деир ал-Балах, децата славеа, но многу возрасни чувствуваа горчина.

„Изгубивме најблиски, домови и цела генерација студенти. Не знаеме од каде да почнеме со обновата“, рече Мохамед ал-Фара.

Некои стравуваат дека прекинот на огнот нема да се одржи.

„Многу сме претпазливи, воздушните напади сè уште се случуваат“, рече Мохамед ал-Нашар од Газа.

И покрај сомнежите, многумина сè уште се надеваат на траен мир. Конфликтот, кој започна со напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, одзеде десетици илјади палестински животи, расели голем број луѓе и доведе делови од Газа во глад.

Би можело да ве интересира

Бен Гвир по смртта на четворица израелски војници: Цел Либан мора да изгори

Загинаа четворица израелски војници

Камерман на Ал Џезира убиен во израелски воздушен напад

Москва тврди: „Израел е ранет и незадоволен – ќе се одмазди“

(ВИДЕО) Ганц: „Биби треба да си оди дома“

Иран: Израел мора да извлече поуки од поразите против Хезболах