Ѓурчески: Заокружете 6 за иднината која ни припаѓа

Од:

Вчера кандидатот за градоначалник на Македонски Брод, Марјан Ѓурчески заедно со лидерот на Левица, Димитар Апасиев, носителот на советничката листа, Жарко Тодороски и дел од кандидатите за советници од Левица имаа средби со жителите на градот. Настанот помина во позитивна атмосфера, со директна презентација на програмата и идеите на партијата за развој на општината. Програмските определби на Левица се насочени кон зголемување на можностите за вработување на младата популација и зајакнување на капацитетите на противпожарната територијална единица. Предвиден е и нов Детален урбанистички план за центарот на Македонски Брод, велат од Левица.

„Дополнително, акцент се става на поттикнување на културни настани и поддршка на талентирани ученици. Во програмата е вклучено и совесно управување со отпадот, како и зачувување на квалитетот на воздухот и водите на реката Треска.

Мојата визија е во Македонски Брод да се создадат нови можности за вработување на младото и квалификувано население, градот да добие нов урбанистички лик и да се унапреди квалитетот на образованието. Целта ми е Македонски Брод да го сочува својот автентичен природен изглед, да стане пример за естетика на јавниот простор и да обезбеди прогрес на локалниот економски развој. Поддршката на политиките на Левица мора да биде препознаена – народот сега треба да го заокружи бројот 6 за да ја добиеме иднината која ни припаѓа“, изјави кандидатот за градоначалник, Ѓурчески.

Би можело да ве интересира

Левица: Премиере, наместо манипулации, објаснете зошто не покренувате постапка против Заев и како го амнестиравте Груби

Горан Наумовски

Јанески: Силата е во нас – со чесна работа да го обновиме Крушево

Левица отсекогаш била партија на народот, каузата на Левица е борба до конечна победа, истакна Ацков

Маринковски: Бранителите ќе бидат ослободени од комунални давачки

Апасиев: Левица се факторизира како втора партија во државата

Левица поднесе претставка за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поради забраната за рекламирање