Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

Од:

Од Левица информираат дека вчера се одржа есенското Советување на советничките групи на Левица од општините Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош, под координација на потпретседателот на Левица и пратеник во Собранието, Реџеп Исмаил – Хактан.

Во соопштението се вели дека „Советниците ги утврдија заедничките правци на делување за претстојниот период, со јасна цел локалните проблеми на граѓаните повеќе да не остануваат затворени во општинските канцеларии, туку организирано, упорно и институционално да се отвораат пред јавноста и пред оние што носат одлуки“.

„Во центарот на заедничкото делување ќе бидат проблемите што директно го влошуваат животот на скопјани: загадувањето, урбанистичкиот хаос и узурпацијата на јавниот простор, условите во градинките и недомаќинското трошење на народните пари. Посебен фронт ќе биде борбата против урбанистичката мафија и моделот во кој зеленилото, природното наследство и просторот што им припаѓа на сите се третираат како плен за приватен профит. Левица ќе го прошири фронтот и ќе продолжи со институционален и јавен отпор кон урбанистички решенија кои го загрозуваат хуманото живеење, со посебен акцент на случајот Барутана/Водно. Водно не е градежна парцела, туку заеднички природен бисер на скопјани кој мора да се заштити од бетонизација и узурпација од страна на богаташите збогатени со народни пари“ стои во соопштението.

Велат дека „советничките групи ќе отворат сериозна контрола врз состојбата во јавните градинки и индустриското загадување. Ќе се бараат конкретни податоци за листите на чекање, капацитетите, бројот и условите на вработените, потребата од нови групи и плановите за проширување, затоа што јавната градинка мора да биде достапна услуга, а не привилегија за оние што имаат средства за алтернатива“.

„Во борбата против загадувањето, Левица ќе ги користи сите советнички и институционални механизми за барање мерења, инспекциски надзори, јавни расправи, документи и одговорност од надлежните институции. Посебен фокус ќе биде ставен на случајот УСЈЕ, како симбол на потребата граѓаните да имаат јасни, достапни и проверливи информации за загадувањето и за постапувањето на институциите. Скопјани не смеат да бидат жртви на профитот на поединци кои дури не се ни жители а ниту пак државјани на Република Македонија. Под засилена контрола ќе биде и трошењето на јавните пари. Советниците на Левица ќе бараат за секој поголем проект да се знае колку чини, од каде се обезбедени средствата, колкав дел е реализиран, кој ја добил работата и што конкретно добиле граѓаните за потрошените милиони. Политиката на сечење ленти, маркетинг и самофалење со туѓи и народни пари мора да биде заменета со мерливи резултати и јавна одговорност“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди