Левица: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

Од:

Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на, како што вели, обидите на СДС да ја претстават Левица како против зголемувањето на минималната плата од 600 евра, и посочува дека суштината на предлогот е целосно поинаква од она што СДС се обидува да го прикаже во јавноста.

„Како пратеник од Левица, јас бев во сала, но свесно не гласав. Не гласав од проста причина што предлогот не ги задолжува компаниите да ја исплатат определената сума од 600 евра минимална плата, туку од Буџет, од народни пари, да им се финансираат платите на газдите“, посочува Исмаил.

Според него, политиката на СДС повторно се сведува на тоа државата да го презема товарот што треба да го понесат работодавачите, додека профитот останува приватен.

„Па каква е таа логика да државата им го плаќа работникот на газдите, па тие со туѓи пари да го млатат по 8-10 саати за свој џеб!?“

Исмаил посочува дека СДС наместо да ја критикува Левица, треба да објасни зошто предлага јавни средства да се користат за субвенционирање на приватниот капитал, наместо зголемувањето на платите да биде обврска на компаниите.

„Вас, господа од СДС заевистичка, читај олигархиска, изгледа не ви доаѓа памет никако?! За вашата идеолошка истрошеност, паушалност и крајна несериозност, не може да ви се криви сите освен самите вие“ вели тој.

Би можело да ве интересира

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна