33 лица убиени во израелски напади во Газа

Од:

Најмалку 33 лица се убиени во израелски напади во Појасот Газа, соопштија болнички палестински извори.

Според нив, 24 од загинатите се во градот Газа, каде Израел продолжува со воздушната и копнената офанзива против милитантната група Хамас.

Израелската војска соопшти дека и понатаму ги таргетира милитантите низ целиот Појас Газа и дека ја интензивирала офанзивата во градот Газа, кој го опишува како последното упориште на Хамас.

Трупите вчера убиле членови на вооружени групи кои се обидувале да постават експлозиви, додаде армијата во соопштение. Израелската морнарица, во меѓувреме, соопшти дека уништила магацин со оружје на Хамас.

Би можело да ве интересира

ИДФ: Елиминирани се оперативци на Хамас и Исламски џихад

Бен Гвир по смртта на четворица израелски војници: Цел Либан мора да изгори

Загинаа четворица израелски војници

Камерман на Ал Џезира убиен во израелски воздушен напад

Москва тврди: „Израел е ранет и незадоволен – ќе се одмазди“

(ВИДЕО) Ганц: „Биби треба да си оди дома“