Голем дел од дроновите со кои беше нападната Полска се лансирани од Белорусија

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск презентираше нови информации на вонредна седница на парламентот, свикана поради упадот на руски беспилотни летала на полска територија.

Туск претходно присуствуваше на вонредна седница на владата, на која разговараше и со полските генерали кои од самиот почеток беа вклучени во процесот на неутрализирање на заканите.

„Сите сметаме дека ова е посебен момент, поради што го замолив претседателот на Сејмот можност да дадам изјава во врска со невиденото нарушување на полскиот воздушен простор и поврзаниот ризик, вклучително и ризикот од отворен конфликт“, рече Туск на почетокот од своето обраќање.

„Она што е ново во најлошата смисла на зборот е насоката од која пристигнаа беспилотните летала. Ова е прв пат во оваа војна тие да не доаѓаат од Украина, како резултат на грешки или помали руски провокации. За прв пат, значаен дел од беспилотните летала дојдоа директно од Белорусија“, рече тој.

Конечно, тој рече дека Полска ќе се консултира со сите сојузници на НАТО.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кој е рускиот генерал кој беше застрелан денеска во Москва

Катерина Ѓуровски

ББЦ: Украинците се смрзнуваат, „животот во Киев е ужасен“

САД упатија предупредување до Русија

Дмитриев: Наводните врски на Епстин со Русија се обид да се спасат корумпираните либерали

Зеленски: Има шанса за мир со Русија во следните 12 месеци

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија