(ВИДЕО) Погодена е станбена населба во близина на Харков, загинаа тинејџери

Од:

Во вчерашниот руски ракетен напад врз станбена населба во Писочин, населено место во близина на Харков, загинаа најмалку три лица, а 25 беа повредени. Украинската национална полиција соопшти дека меѓу загинатите се 16-годишно момче и две жени на возраст од 19 и 51 година. Ракетата паднала во близина на продавница и станбени згради, пренесува „Киев Индепендент“.

Меѓу повредените има и две девојчиња на возраст од девет и 13 години. Сите повредени се пренесени во болница, а засега не е објавено колку се сериозни нивните повреди.

Нападот во Писочин се случил истиот ден кога Харков, вториот по големина град во Украина, бил погоден со две наведувани бомби. Во нападот врз градската населба Немишљански загинало едно лице, а најмалку осум биле повредени.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна зачестеноста на руските напади.

„Само оваа недела Русите лансираа околу 1.450 воздушни бомби, 75 ракети од различни типови и повеќе од 1.640 ударни дронови, од кои околу 60 проценти се на млазен погон“, изјави Зеленски.

Русија редовно изведува напади врз цивилната инфраструктура низ Украина. Харков и околината често се мета поради близината на линијата на фронтот.

Би можело да ве интересира

Александар Новак: Руското дизел гориво понекогаш влегува во Европа под различни марки

Русија ги опремува ударните дронови „Геран“ со магнетометри

Хуманитарната мисија во Олешки е успешно завршена – сите страни го испочитуваа договореното

А1он

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина се без електрична енергија по нападот

А1он

Трамп размислува за укинување на санкциите кон Русија

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната