Зеленски: Украина подготвува одговор на новата руска ескалација

Од:

Украина подготвува одговор на новиот бран руска ескалација и со партнерите работи на обезбедување дополнителни системи за противвоздушна одбрана и муниција за борбените авиони Ф-16, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ги подготвуваме нашите одговори на овој бран руска ескалација“, наведе Зеленски на Телеграм, по извештаите на началникот на Службата за безбедност на Украина, Олександар Поклад, и заменик-шефот на претседателската канцеларија, Павло Палиса.

Зеленски рече дека преку сите достапни канали се разговара со партнерите кои можат да обезбедат дополнителна поддршка за Украина, вклучително и системи за противвоздушна одбрана и муниција за авионите Ф-16.

Тој им се заблагодари на сите земји кои се подготвени да ѝ помогнат на Украина.

Украинскиот претседател додаде дека властите продолжуваат да ги исполнуваат барањата на командантите на борбените корпуси и бригади, кои ги изнеле за време на неговите средби со војниците на фронтот.

Зеленски претходно ги повика партнерите да го зголемат санкцискиот притисок врз Русија, особено по последните руски напади врз Прилуки и Краматорск, како и да обезбедат дополнителни средства за противвоздушна одбрана и финансиска поддршка за Украина.

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во Варшава: Полскиот претседател итно се враќа од странство

Германскиот министер одби заедничка фотографија со Лавров, Москва реагира: „Се исплаши“

Криста Пајк (50), која преживеа неуспешно погубување со смртоносна инјекција, првпат проговори: „Сè уште чувствувам болка“

Трамп размислува за укинување на санкциите кон Русија

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Сибиха: Средбата меѓу Зеленски и Путин е неопходна за да се разговара за најчувствителните прашања