Израел: Рибера е портпарол на Хамас, повторува клевети како папагал

Од:

Израел ја обвини извршната потпретседателка на Европската Комисија, Тереза ​​Рибера, за ширење пропаганда за палестинската милитантна група Хамас, откако таа рече дека Израел врши геноцид во Газа.

„Остро ги осудуваме неоснованите обвинувања упатени од извршната потпретседателка на Европската комисија, Тереза ​​Рибера. На овој начин, Рибера стана портпарол на пропагандата на Хамас“, изјави портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Орен Мармостин, за EurActiv.

Мармостин претходно реагираше на изјавата на Рибера, велејќи дека потпретседателката на Европската Kомисија како папагал повторува „клевети на Хамас за геноцидот во Газа“, додавајќи дека наместо тоа требало да побара ослободување на сите израелски заложници и предавање на Хамас.

Би можело да ве интересира

Иран погуби наводен израелски шпион

Нетанјаху: Израел е посилен од кога било, со Америка ја предводиме борбата против „силите на злото“

Либан: Шестмина ранети во израелски напад

Горан Наумовски

Иран повикува на „целосна подготвеност“ за можен нов напад од САД и Израел

Кац му се закани на Касем: Ќе платиш со глава

Израелските војници кои ја уништија статуата на Исус добија 30 дена затвор