Лавров: Се надевам дека ноќе на Макрон му е непријатно поради Русија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон можеби ќе се чувствува непријатно поради неговите остри изјави за Русија и претседателот Владимир Путин.

Во интервју со новинарот Павел Зарубин, Лавров ги коментираше зборовите на Макрон во кои тој го нарече рускиот лидер „предатор“ кој „мора да продолжи да јаде за да преживее“.

„Постојат различни луѓе, постојат различни култури. Се надевам дека и самиот тој веројатно ќе се чувствува непријатно ноќе“, рече Лавров.

Во неодамнешно интервју за телевизијата LCI, францускиот претседател ја повика Европа „да не биде наивна“ во лицето на Русија, за која тврди дека долго време ќе остане дестабилизирачка сила. Тој додаде дека Москва наводно инвестира 40 проценти од својот буџет во воената сфера, се мобилизирала и нема брзо да се врати во „состојба на мир и демократски систем“.

Макрон го обвини Путин дека не ги исполнува своите ветувања и дека се обидува да ги ревидира границите, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна изјави дека рускиот лидер се обидува да „продаде воздух“ на Украина.

Би можело да ве интересира

Ле Пен: „Украина нема што да бара во ЕУ“

А1он

Добија директна закана од Москва: На работ сте на отворена војна!

А1он

Германски медиуми: Русија планира да лансира сателит со нуклеарно оружје во вселената

(ВИДЕО) Путин: Крајот на војната зависи од Киев, Украина треба да ги прифати компромисите

(ВИДЕО) 12 лица загинаа во Киевската област, меѓу нив деветмина во уривање на станбена зграда

ВИДЕО: Нов напад на руски брод кај Либија