Го нападнал и сечел со мачета, српски полицаец во критична состојба

Од:

Во српската општина Мионица вчера попладне се случи брутален напад со мачета, во кој тешко е повреден 27-годишниот полицаец Милан П. Инцидентот се случил на една од локалните улици, пред очите на сведоци кои во шок ја повикале полицијата и брзата помош.

Според првичните информации од истрагата, напаѓачот, чиј идентитет засега не се открива, најпрво го удрил полицаецот, а потоа со мачета му задал повеќе удари по телото. Нападот бил толку жесток што сведоците велат дека единствено брзата интервенција на соседите спречила уште потешки последици.

Повредениот Милан веднаш бил пренесен во болницата во Ваљево, но поради сериозноста на повредите бил транспортиран во Ургентниот центар во Белград. Лекарите се борат за неговиот живот, а состојбата се опишува како критична.

Бабата на повредениот полицаец, низ солзи, за медиумите изјавила дека Милан го познавал напаѓачот.
„Прво го удри, а потоа почна да го сече… Го знаеше, не беше странец. Не можам да поверувам дека ова му се случи на моето внуче“, изјавила таа.

Мотивите сè уште се непознати. Според неофицијални информации, меѓу Милан и напаѓачот постоел претходен конфликт, но засега не е потврдено дали се работи за лична расправија или за нешто поврзано со неговата полициска работа.

Инцидентот ја потресе Мионица и поширокиот регион. Жителите велат дека вакво насилство досега не било забележано, а многумина ја изразуваат својата загриженост за безбедноста. „Мионица е мирно место, ова е како од филм на ужас“, изјави еден од соседите.

Полицијата засега не излегува со детали за идентитетот на напаѓачот, но потврдува дека тој е уапсен и дека истрагата е во тек. Надлежните најавуваат дека јавноста наскоро ќе биде информирана за позадината на овој шокантен напад.

– Истрагата ќе утврди како дошло до конфликтот, како и дали осомничениот и жртвата се познавале од претходно. Исто така, ќе се утврди дали младите мажи имаат некакви неплатени сметки. Инспекторите работат на случајот детално, а клучен доказ ќе бидат снимките од надзорните камери што го покриваат целиот парк во Мионица. Тепачката е снимена, а по истрагата, видеата се одземени и тие ќе им помогнат на истражителите со многу детали од конфликтот – вели нашиот соговорник и додава дека А. Т. одеднаш скокнал од темнината, практично штом го видел.

– Сведоците кои биле во друштво на осомничениот и жртвата таа вечер, како и гостите на кафулето кое се наоѓа веднаш до паркот, ќе бидат испрашани. Можеби некој од нив слушнал или видел нешто што би им помогнало на инспекторите во понатамошната истрага што ја води Вишото јавно обвинителство во Ваљево.

Би можело да ве интересира

Нови детали за претепувањето на Словенците во Хрватска: Со палка и ја скршија главата на девојката

Американка ги застрела и уби својот син (8), ќерка (6), сопругот со тумор на мозокот и себеси

Осуденикот од „Бардовци“ е осомничен за убиство на цимер од болницата

Ја избоде до смрт мајката на поранешната девојка

А1он

Лончар: Монструозна лага е дека починало дете во Ваљево

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник