Им приоѓа на жртвите од зад грб, па ги кине ланчињата од врат – уапсен е крадец кој направи штета од 10.000 евра

Од:

Припадници на Полициската станица „Нови Београд“, во соработка со Третото основно јавно обвинителство во Белград, го уапсија П.Ј.(36) поради постоење основи за сомневање дека изврши разбојништво и 12 тешки кражби на особено опасен и дрзок начин, при што се стекна со противправна имотна корист од над 1,2 милиони динари (околу 10.200 евра), соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Според соопштението, во периодот од јуни до октомври 2026 година, на територијата на Нов Белград, осомничениот им приоѓал на жртвите од зад грб и им ги кинел ланчињата од вратот, кои, наводно, потоа ги продавал.

Полициските службеници кај осомничениот пронашле и одзеле предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од наведените кривични дела.

По налог на јавниот обвинител од Третото основно јавно обвинителство во Белград, на уапсеното лице му е одредена мерка задржување во траење до 48 часа, по што тој ќе биде изведен пред надлежното обвинителство заедно со кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија

Приведен e командантот на САЈ, Игор Жмириќ и неколку членови на ЈЗО

Горан Наумовски

Кос: Извештајот за проширувањето содржи 3 нови елементи, Србија има шанса за нов почеток

Додик: Врските меѓу Србија и Српска нема да бидат прекинати од оние кои сакаат Србите да се откажат од сопствениот народ

Вртоглавиот подем и пад на Марко Кричак – началникот на криминалистичката полиција кој утрово беше уапсен