Ким Џонг Ун: Северна Кореја никогаш нема да ја гледа Јужна Кореја како дипломатски партнер

Од:

Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо Џонг, повторно ги отфрли обидите на Јужна Кореја за обновување на односите, велејќи дека Пјонгјанг никогаш нема да го прифати Сеул како дипломатски партнер.

Јо Џонг ги критикуваше воените вежби меѓу Јужна Кореја и САД, нарекувајќи ги „неодговорна пародија на инвазија“ и го обвини Сеул дека има „злокобни намери“ зад своите мировни гестови, објави АП.

Јо Џонг исто така, ја нарече Јужна Кореја „најнепријателска држава“ и „лојално куче“ на САД, нагласувајќи дека меѓукорејското помирување никогаш нема да биде можно.

На состанокот со претставници на Министерството за надворешни работи, таа повика на „соодветни контрамерки“ и го претстави Сеул како пречка за зајакнување на регионалното дипломатско влијание на Пјонгјанг.

Министерството за обединување на Јужна Кореја одговори дека владата на Ли Џе-Мјунг ќе продолжи со „проактивни чекори за мир“, нагласувајќи ја потребата од меѓусебно почитување меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, повеќе од 100 евакуирани во невремето што ја погоди Јужна Кореја

Лавров во посета на Северна Кореја, ги затоплува односите Москва – Пјонгјанг

А1он

Украинци: Северна Кореја испраќа до 30.000 војници, најверојатно за во офанзива

Трамп: Ако има конфликт со Северна Кореја, ние нема да бидеме вклучени во него

Горан Наумовски

Русија: Северна Кореја испраќа 6.000 луѓе за обнова на Курск

Јужна Кореја: Ученик избоде шест лица во средно училиште