Северна Кореја: Новата американска нуклеарна доктрина го води светот кон нуклеарна војна

Од:

Северна Кореја предупреди дека новата нуклеарна стратегија на Соединетите Американски Држави би можела да го наруши постоечкиот глобален нуклеарен баланс, да поттикне нова трка во вооружување и дополнително да го зголеми ризикот од нуклеарен конфликт.

„Новата нуклеарна доктрина на САД е сериозен и опасен фактор, бидејќи го уништува глобалниот нуклеарен баланс, ја ескалира трката во нуклеарно вооружување и ја доближува глобалната безбедносна ситуација до работ на нуклеарна војна“, соопшти севернокорејското Министерство за надворешни работи, објави Блумберг.

Пјонгјанг го обвини Вашингтон дека го смета нуклеарното оружје како едно од главните средства за постигнување на своите политички и воени цели на долг рок, оценувајќи дека промената во американската стратегија би можела дополнително да го намали прагот за употреба на нуклеарно оружје. Севернокорејската страна посебно ги посочува заложбите на САД за проширено нуклеарно одвраќање кон Јужна Кореја и Јапонија.

Во исто време, Северна Кореја остро ги осуди претстојните големи воени вежби на Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја и изјави дека ќе го искористи правото на самоодбрана доколку процени дека нејзината безбедност е загрозена.

„ДНРК нема да толерира сериозна конфронтациска ситуација создадена од непријателски држави“, соопшти Министерството за надворешни работи, додавајќи дека ќе одговори на „новото ниво на закана“ со „ново ниво на одвраќање“.

Заедничката вежба на САД и Јужна Кореја „Улчи Слободен Штит“ ќе започне во понеделник, 17 август, и ќе трае до 27 август. Планирани се активности кои ќе се фокусираат на одговор на употребата на беспилотни летала, блокирање на GPS сигналот, сајбер напади и други форми на модерно војување. Околу 18.000 јужнокорејски војници ќе учествуваат во вежбата.

Американските воени претставници изјавија дека обуката ќе го земе предвид и искуството што, според нив, севернокорејските војници го стекнале за време на нивниот ангажман во војната во Украина, бидејќи Вашингтон и Сеул веруваат дека ова искуство можело да ги подобри способностите на севернокорејските сили.

Новите пораки од Пјонгјанг доаѓаат по лансирањето на две севернокорејски балистички ракети на помалку од една недела, пред почетокот на заедничките маневри на САД и Јужна Кореја.

Американскиот потсекретар за одбрана Елбриџ Колби, сепак, изјави дека не очекува радикални промени во нуклеарната стратегија на САД, која во моментов е во фаза на преиспитување.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Пристигнуваат до 50.000 војници од Северна Кореја

Пентагон бара од одбранбената индустрија побрзо производство на оружје и муниција

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Русите нападнати со ракети од Северна Кореја

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје