Ким Јо-џонг ја отфрла помошта од Сеул вредна милиони и ја нарекува „провокација“

Од:

Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо-џонг, го отфрли планот на Јужна Кореја за испраќање медицинска опрема во Пјонгјанг, нарекувајќи го „политичка провокација“ и кршење на суверенитетот на Северна Кореја.

Ким изјави дека „непријателската природа на меѓукорејските односи“ не може да се промени и наведе дека Јужна Кореја го користи планот за помош за да ја покаже својата „добра волја“, додека истовремено ја прикажува Северна Кореја како страна што одбива соработка, пренесе Ројтерс.

Во мај, Јужна Кореја доби изземање од санкциите на ОН за да испрати медицинска опрема во вредност од околу 6,8 милиони долари во болница во Пјонгјанг.

Планот предвидува испорака на повеќе од 1.400 медицински предмети, вклучувајќи дијагностичка и хируршка опрема, до крајот на ноември.

Ким го поврза прашањето за помошта со неодамнешниот спор околу експлозијата на мина во близина на демилитаризираната зона, во која беа повредени јужнокорејски војници минатиот месец.

Сеул тврди дека инцидентот е предизвикан од севернокорејски мини, додека Пјонгјанг негира дека ги поставил и го нарекува инцидентот „измислица“.

„Ако навистина постои желба за обновување на меѓукорејските односи, Јужна Кореја прво треба да покаже почит, внимание и искреност во секој збор и акција“, рече Ким.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела неколку балистички ракети кон морето

А1он

Ким Џонг Ун го претстави моќниот разурнувач „Канг Кон“

А1он

„Разговор со Трамп? Не ми е познато“ – сестрата на Ким Џонг Ун негира дека тој комуницирал со американскиот претседател

Северна Кореја: Новата американска нуклеарна доктрина го води светот кон нуклеарна војна

Зеленски: Пристигнуваат до 50.000 војници од Северна Кореја

Русите нападнати со ракети од Северна Кореја