Трамп: Би сакал новинарите да имаат пристап до Газа

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека би сакал новинарите да добијат пристап до Газа за да ги видат хуманитарните напори во регионот.

„Би сакал да го видам тоа. Секако. Тоа е многу опасна ситуација, како што знаете, ако сте новинар, но би сакал да го видам тоа“, рече Трамп.

Израел, според Ројтерс, не им дозволил на странски новинари да влезат во Газа од почетокот на војната во октомври 2023 година, освен ако не се придружени од израелски војници.

Според Обединетите нации, најмалку 242 новинари се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната.

Последното убиство на новинар се случи на 11 август, кога во израелски напад врз шатор за новинари во дворот на болница беа убиени пет новинари на Ал Џезира и еден снимател.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Седум сојузни американски држави го тужат Трамп

ВИДЕО: Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ