Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Од:

Левица најостро ги осудува тешките неправилности и скандалозната дискриминација во постапката за прием на кандидати за стручно оспособување и усовршување за офицери во Армијата на Република Македонија, велат од партијата.

„Министерството за одбрана јавно објави конкурс за 60 кандидати распоредени во различни служби, 74 лица успешно ги поминале сите селекциски фази вклучително и физички и медицински проверки. Сè до последен момент најуспешните кандидати биле во уверување дека се примени, согласно објавената потреба на конкурсот и ранг листа на примени. Но, со конечното Решение на министерот Владо Мисајловски, примени се само 29.

Всушност, останува непополнета 31 позиција согласно првично објавениот конкурс, а 15 кандидати кои требало да бидат избрани – не се нашле во Решението на Министерот без притоа да им дадат какво било образложение. Од Министерството нема никаков одговор ниту за тоа зошто се осмелиле спротивно на одредбите од Конкурсот да го намалат бројот на примени кандидати.

Се наметнува прашање: Дали оваа 31 непополнета позиција е намерно оставена за подоцнежно пополнување преку посебен конкурс со спуштени критериуми и етнички клуч, мотивиран од ВРЕДИ откако ДУИ изрази незадоволство дека „нема доволно Албанци меѓу примените“? Дали е ова уште една потврда дека во НАТО членка стручноста и заслугите се жртвуваат заради политички договори и партиски пазарења?

Овој скандал претставува не само флагрантна дискриминација, туку и директен удар врз довербата на младите во институциите. Наместо да бидат наградени за трудот, знаењето и способностите – тие се отфрлаат без објаснување, што дополнително го поттикнува масовниот одлив на образован и квалитетен кадар во странство.

Постојат цврсти правни основи за поднесување на најмалку 15 управни и судски тужби против Министерството за одбрана поради самоволното игнорирање на конкурсните одредби и резултатите од рангирањето. Секој изгубен судски процес, предизвикан од ваквите незаконски одлуки, ќе се плаќа од џебот на граѓаните. Но, очигледно, за министерот Мисајловски на прво место се партиските директиви, а интересите на народот и државата на последно.

Левица бара:

1. Итно поништување на решението на министерот;
2. Јавно објавување на причините за одбивањето на кандидатите кои ги исполнуваат условите;
3. Пополнување на сите 60 предвидени места – транспарентно, без партиски или етнички калкулации.

Македонската армија мора да се гради врз принципи на заслуги, стручност и еднакви можности, а не врз политички пазарења и дискриминација, тврдат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Сериозни финансиски злоупотреби, доживотни дисквалификации, но владата на ДПМНЕ го предложи и стана претседател на одборот на директори во Телеком

Левица: Инспекторката Зашовска наградена со унапредување поради заштитата на Бојан Христовски

Левица: Државата месец дена без Народен правобранител за Вреди да инсталира партиски неподобен кадар

Левица: Вмровската инспекторка која ја одбрани фалш дипломата на Христовски сега штити сдсмовски кадри

Левица: Мицкоски го штити Коцевски – Коцевски ги штити вмровските функционери од одговорност за Кочани

Левица: Предизборен поткуп во Пробиштип – Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош