Доналд Туск ги изнервира израелските политичари

Од:

Израелското Министерство за надворешни работи денес го повика на разговори полскиот амбасадор во Израел, Мацеј Хуњади, по изјавата на полскиот премиер Доналд Туск, кој ги обвини израелските политичари дека предизвикуваат глад во Газа.

Хунјади беше повикан на официјален состанок со раководителот на Политичкиот и стратешкиот оддел поради неприфатливите изјави на полскиот премиер, објави Министерството, според „Тајмс оф Израел“.

„Израел цврсто ги отфрла овие обвинувања и очекува Полска да се воздржи од употреба на јазик што ја искривува историјата и го навредува сеќавањето на жртвите на Холокаустот. Раководителот на одделот нагласи дека Израел се бори против терористичка организација која отворено повикува на убивање на Евреи и Израелци, како и на уништување на Израел“, се вели во соопштението.

Исто така, се наведува дека Израел дејствува во согласност со меѓународното хуманитарно право и значително ги зголеми своите напори за хуманитарна помош, вклучително и влегување на дополнителни конвои за помош во Појасот Газа, хуманитарни паузи, отворање безбедни коридори за испорака на помош, поправка на инфраструктурата и испорачување хуманитарни материјали од воздух, вклучително и во координација со Европската Унија.

Во неделата, Туск напиша на платформата X дека Полска била, е и ќе биде на страната на Израел во неговата борба против исламскиот тероризам, но никогаш на страната на политичарите чии постапки водат до глад и смрт на мајки и деца.

„Ова мора да им биде јасно на народите кои заедно го поминаа пеколот на Втората светска војна“, нагласи Туск.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах каде што е потребно

Иран ги предупреди САД: Не можете да прифатите примирје, а потоа вашиот сојузник да почне масакр

ВИДЕО: Иран повторно го затвори Ормутскиот тесенц по нападите на Израел на Либан

ВИДЕО: Израел погоди 100 цели за 10 минути во Либан, над 250 мртви

Катерина Ѓуровски

Лапид: Најголемата дипломатска катастрофа во нашата историја

Нетанјаху: Прекинот на огнот не го вклучува Либан