Руски воен хеликоптер влезе во полскиот воздушен простор, Полска подигна борбени авиони

Од:

Руски воен хеликоптер Ми-8 денеска накратко влезе во полскиот воздушен простор од руската Калининградска област, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили. Полска поради инцидентот подигна борбени авиони, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност.

До нарушување на воздушниот простор дошло во 11:08 часот северно од Брањево, град во северна Полска, во близина на границата со Калининградската област. Рускиот хеликоптер навлегол околу 300 метри во полскиот воздушен простор и таму се задржал 42 секунди.

Полската војска соопшти дека нејзините радарски системи цело време го следеле летот на хеликоптерот.

„Природата на инцидентот укажува дека Русија повторно ја тестира подготвеноста на нашата противвоздушна одбрана“, соопшти Оперативната команда на полската војска.

Хеликоптерот потоа се врати кон Калининградската област.

Инцидентот се случи во период на зголемена готовност на полската војска поради руските напади врз Украина и можните нарушувања на полскиот воздушен простор. Полска и на 21 септември активираше воена авијација и ги стави копнените системи за противвоздушна одбрана и радарските системи во состојба на зголемена готовност поради руските напади врз Украина.

Полските власти во последните денови предупредуваат и на зголемена руска активност кон земјите членки на НАТО. Министерот за одбрана Владислав Косинијак-Камиш вчера изјави дека Русија продолжува да го ескалира конфликтот и кон членките на Алијансата.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Полска и балтичките земји шират гласини за наводен напад од страна на Белорусија

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Песков: Санкциите на ЕУ може да го отежнат договорот меѓу Русија и САД за испорака на гориво

Трамп се брани по договорот со Путин: „Донесов правилна одлука за Американците“

Зеленски: Ако Русија не се согласи на примирје, ќе одговориме

(ВИДЕО) Погодена е станбена населба во близина на Харков, загинаа тинејџери