Изет Меџити е кандидат на Влен за Чаир, за Скопје е предложен Башким Бакиу, а Билан Касами ќе се бори за нов мандат во Тетово

Од:

Денес Централното претседателство на ВЛЕН го одржа својот следен состанок и, меѓу другото, ги разгледа кандидатурите за претстојните локални избори.

По овој повод, Претседателството на ВЛЕН заклучи дека примарна цел на овој субјект останува да предложи најприфатливи кандидати за граѓаните, градоначалници кои ќе им служат на нивните локални интереси.

Врз основа на ова, Претседателството на ВЛЕН ја одобри оваа листа на кандидати за градоначалници.

– Во Тетово, кандидат на ВЛЕН ќе биде актуелниот градоначалник, Билал Касами.
– Во Чаир, ќе се кандидира првиот вицепремиер, Изет Меџити.
– Во Струга, ВЛЕН го поддржува независниот кандидат Менди Ќира.
– Во Кичево ќе го кандидира министерот за Социјална политика, Фатмир Лимани.
– Во Дебар, кандидат на ВЛЕН ќе биде заменик-директорот на Управата за јавни приходи, Фисник Мела.
– Во Градот Скопје, ВЛЕН го предлага директорот на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопјe, Башким Бакиу.
– Во Сарај, кандидат на ВЛЕН ќе биде директорот на претпријатието „Номагас“, Мухамед Елмази.
– Во Липково, ВЛЕН го кандидира директорот на Државните резерви на нафта, Неџмедин Садику.
– Во Арачиново ВЛЕН ќе настапи со Даут Беќири.
– Во Желино ќе продолжиме со актуелниот градоначалник на оваа општина, Блерим Сејдиу.
– Во Теарце ќе се кандидира директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши.
– Во Боговина, ВЛЕН го кандидира Фети Абази.
– Во Брвеница, ВЛЕН го кандидира директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Хаќим Рамадани.
– Во Долнени, ВЛЕН ќе се кандидира со наставникот Блерим Ислами од село Цернилиште.

„Во оваа прилика, ве известуваме дека сè уште нема конечна одлука за кандидатите за општините Гостивар, Врапчиште, Студеничани и Чашка. Во разговори сме со неколку кандидати и потенцијални, секогаш обидувајќи се да понудиме најдобри имиња за овие општини. Тука нагласуваме дека сите овие се кандидати на ВЛЕН и, како што претходно одлучивме, ниту еден од нив не се кандидира под партиско лого. Освен што се кандидати на ВЛЕН и идни градоначалници на општини, тие ќе бидат слуги на сите граѓани без оглед на етничката, религиозната и политичката припадност, велат од Влен.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Партијата што го уништи владеењето на правото, денес држи предавања за ЕУ

Сулејмани: ВРЕДИ изразува длабока загриженост за турбуленциите во рамки на албанската опозиција

ВЛЕН: НАИ како коалиција без кауза веќе се распаѓа!

ВЛЕН: ДУИ е последната партија што треба да зборува за ЕУ

Влен: НАИ сè уште е во изборен молк

Горан Наумовски

ВЛЕН: Еден глас за победата на 2 ноември

Горан Наумовски