Зеленски: Украина е подготвена за мировен самит ако Русија покаже сериозност и волја

Од:

Украина е подготвена за состанок на највисоко ниво со руското раководство ако Москва навистина покаже сериозност и подготвеност за прекин на војната и воспоставување праведен и траен мир, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски како одговор на тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија во принцип е подготвена за преговори.

Како што објави агенцијата РБК Украина, Зеленски во објава на Телеграм изјави дека Киев ги поздравува напорите на сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, за прекин на војната и постигнување стабилен мир, заблагодарувајќи им се на земјите што ги поддржуваат мировните иницијативи.

„Доколку пораките што доаѓаат од Русија навистина одразуваат подготвеност за прекин на војната и воспоставување траен мир, а не само купување време за продолжување на конфликтот и избегнување санкции, Украина ја потврдува својата подготвеност да се сретне со лидерите во секое време“, рече Зеленски

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп не трпи новинарски прашања: Глупава, личност со низок коефициент

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Рускиот дизел утре тргнува за Америка