ЕСМ: Левица манифестира елементарно непознавање на Законот за јавни набавки

Од:

По повод неоснованите обвинувања од страна на политичката партија Левица во врска со набавката на помошна механизација за потребите на РЕК Битола, АД ЕСМ најостро ги демантира изнесените невистини и ја информира јавноста за следното:

Изнесените тврдења од страна на Левица манифестираат елементарно непознавање на Законот за јавни набавки и целосно ја игнорираат законската процедура по која АД ЕСМ постапува. Јавниот повик кој се обидуваат да го скандализираат е спроведен во целосна согласност со сите позитивни законски прописи.
Имено, во моментот на реализација на тендерската процедура, предметната компанија „Рудкоп“ немала законски пречки за исклучување, ниту забрана од надлежните органи за учество на тендери. Исто така, немала негативна референца што исто така, би можело да ја исклучи од постапките за јавни набавки. Врз основа на овие факти, Комисијата за јавни набавки немала правни аргументи за елиминација на предметниот потенцијален економски оператор.
Одлуката за избор и констатацијата на Комисијата за ЈН се базираат на фактот дека фирмата имала најповолна понуда. Станува збор за рамковен договор според кој се плаќа по ангажман, односно само доколку РЕК Битола има потреба од помошна механизација. Ова значи дека плаќањето се врши исклучиво за извршена услуга и во согласност со реалните потреби на РЕК Битола.
АД ЕСМ работи исклучиво според законите и нема намера да врши каква било политичка селекција на фирми кои учествуваат во сегментот јавни набавки. Секоја фирма и потенцијален оператор што се јавува на распишаните јавни повици е предмет на детална проверка, согласно Законот за јавни набавки и според утврдените критериуми и правила за учество.
Ги повикуваме од партијата Левица пред да изнесуваат паушални обвинувања, претходно да се описменат за тематиките, да ги проверат фактите и темелно да се запознаат со законските регулативи. АД ЕСМ останува посветена на транспарентното и законско работење во интерес на граѓаните и државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Апасиев до Гаши: Со месеци ја држите во фиока информацијата по претставката на родителите од Кочани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ: Оваа шарада на демократија на власта ќе добива се полоши оценки во извештаите на Европската Комисија

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ ни го одби амандманот за проширување или зголемување на додатокот за туѓа нега

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

(ВИДЕО) Левица: ВМРО-ДПМНЕ ни го одби амандманот за ин-витро ваучери

Горан Наумовски

Левица: Енергетска политика на „варена жаба“ ја турка државата во сиромаштија