СДСМ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо, бараме поништување на срамниот оглас во М-НАВ

Од:

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа мерит систем а донесоа бруталната и скандалозна партизација на институциите.

Последен е скандалот во М-НАВ – клучната институција задолжена за безбедноста во воздухопловниот сообраќај, која станува уште една партиска испостава на власта.

Без било какви квалификации, мажот на директорка на Централен регистар, сопругата на Игор Југ — осуден за нападот на Собранието на 27 април и потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се вдомени во М-НАВ наместо стручни, едуцирани и лиценцирани кадри.

Додека млади луѓе со образование, знаење и стручност се одбиваат, партиската книшка на ВМРО-ДПМНЕ станува единствен критериум.

ВМРО-ДПМНЕ не само што ја загрозува безбедноста, туку испраќа силна порака до младите дека со оваа власт немаат иднина.

Ова не е само скандал за партизација – ова е закана по безбедноста на патниците и воздушниот сообраќај.

Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо. М-НАВ не е играчка во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, туку сервис што мора да функционира строго професионално и во служба на граѓаните.

СДСМ бара итно поништување на овој срамен оглас, повлекување на сите спорни решенија и оставки од сите инволвирани.

Македонија мора да биде држава на знаење а не на партизацијата и непотизмот на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин – побрз, поедноставен и подостапен систем

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Поради пожар, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

Нападнат полицаец на Водно

За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите

СДСМ: Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра