ЦУК: Активни се пожарите близу Велес, Македонски Брод и кај Василево

Од:

Во текот на изминатото деноноќие имаше вкупно 21 пожар, од кои три се активни, еден е под контрола и 17 се изгаснати, извести Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите кај:
1. Општина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана шума)
2. Општина Македонски Брод: помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
3. Општина Василево: с.Нивичино (нискостеблеста шума и ниска вегетација)

Под контрола е пожарот во:
1.Општина Дојран: с.Николич (нискостеблеста шума)

Изгаснати се 17 пожари во:
1. Општина Чучер Сандево: с.Мирковци, кај манастирот Св.Илија, м.в.Чардак (ниска вегетација)
2. Општина Карпош: ул.Бриселска (ѓубре)
3. Општина Арачиново: с.Арачиново (ниска вегетација)
4. Општина Илинден: с.Илинден (ниска вегетација)
5. Општина Студеничани 1: с.Батинци (ниска вегетација)
6. Општина Студеничани 2: ул.7 во с.Батинци (ѓубре и даски)
7. Општина Гази Баба: клучка Илинден – Арачиново (ѓубре и ниска вегетација)
8. Општина Битола: с.Лавци – Смолево (шума и ниска вегетација)
9. Општина Прилеп 1: над аквапарк Салида (ниска вегетација)
10. Општина Прилеп 2: кај бензинска Салида (ниска вегетација)
11. Општина Василево: помеѓу с.Пиперево и с.Василево (стрниште и ниска вегетација)
12. Општина Охрид 1: с.Буково (депонија)
13. Општина Охрид 2: с.Требеништа (ниска вегетација)
14. Општина Пробиштип: помеѓу селата Троoло и Петришино (ниви со житна култура и ниска вегетација)
15. Општина Куманово: с.Умин Дол, во двор на ОУ Карпош (ниска вегетација)
16. Општина Тетово: Тетово (ниска вегетација)
17. Општина Гостивар: наплатна рампа Гостивар (ниска вегетација

Би можело да ве интересира

Поради пожар, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

Четири активни пожари, изгаснати 27

Активни се четири пожари низ државава, седум се под контрола

Горан Наумовски

Изгаснат е пожарот на границата со Бугарија

Горан Наумовски

Поради пожар во Њивице во близина на Херцег Нови, туристите се евакуираат од хотелот со бродови

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош