Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

Од:

Скандалозна е изјавата на министерот Панче Тошковски дека дивоградбите кои се повеќе од 150 во Чаир ќе се урвале „ако се опасни по живот“. Што сака да каже Тошковски, дека дивоградбите кои неговите институции ќе ги утврдат како неопасни по живот може слободно да продолжат да се градат?

Откако со месеци не постапуваше при чист и очигледен криминал и молчеше, сега конечно Тошковски најде начин како да го одбрани нелегалниот бизнис на неговите коалициски партнери па ги подели дивоградбите на опасни и неопасни.

Вакво релативизирање и одбрана на криминалот може да се нарече слободно историски како што милува неговиот шеф Мицкоски.

Со оваа изјава, Тошковски всушност призна дека законот не важи подеднакво за сите. Наместо да покаже дека државата има ред и закон, тој сега конечно најде изговор за да ги спаси тие што му се политички блиски.

Дивоградбите се симбол на беззаконие, на корупција и на договори под маса. Со вакви ставови, Тошковски испраќа порака дека криминалците може мирно да спијат. Тој е тука да најде начин како да ги заштити. Тоа е навредливо за сите чесни граѓани кои плаќаат даноци и чекаат дозволи за градба, реагираат од СДСМ по изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Тошковски: Ниту војската, ниту полицијата не треба да обезбедува водоводи

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики