Левица: Лозарите добија понижување наместо откупна цена

Од:

Грабеж, манипулации и кршење на законите – тоа денес го добија македонските лозари од државата. Министерот за земјоделство, Трипуновски, лично ги соопшти срамните и понижувачки откупни цени за винските сорти: 21 денар за килограм „вранец“ и 19 денари за „смедеревка“, велат од Левица.

„Ова не е фер пазарна цена, туку е навреда за илјадници семејства кои со децении живеат од лозарство и вложуваат труд, пари и живот во оваа гранка. Каде е производната цена? Кој ја утврдил методологијата? Зошто Министерството го крши Законот за вино? Според Законот, Министерството за земјоделство е должно јавно да ја објави производната цена на грозјето, методологијата и институцијата што ги утврдила овие цени. Тоа е законска обврска што важи и за министрите. Државата не смее да продолжи да биде соучесник во монополското однесување на дел од винарниците кои прават огромни профити додека лозарите се туркани на работ на егзистенција.

Во меѓувреме, последните податоци од Државниот завод за статистика алармираат за постојан пад на производството на грозје. Во 2021 година производството произлегуваше од 89.817 лозови пенушки, а во 2024 падна на 79.314 лозови пенушки.
Овој тренд најсилно ја погодува Тиквешијата – регион кој има природни, климатски и почвени услови за континуиран раст, но денес е спречен да го искористи својот полн потенцијал поради нефункционални политики и ниски откупни цени.
За државата можеби грозјето, за жал, не е „стратешки производ“ во статистичките табели, но за илјадници македонски семејства тоа е прашање на опстанок.

Дополнително, нема оправдување за тоа што државата поставува административни бариери за извоз, иако според ЦЕФТА договорот лозарите мора да имаат слободен пристап до регионалните пазари – каде килограм винско грозје достигнува и до 2 евра, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он