ДУИ: Вистината е дека Македонија сè повеќе тоне во изолација

Од:

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за правецот што го зазеде новата влада и за нејзините намерни обиди да го дефокусира јавниот дискурс од стратешките прашања од клучно значење за државата, а особено од европската интеграција. Сведоци сме дека вчера самиот премиер Христијан Мицкоски јавно призна дека предлогот за оданочување на невенчаните лица била „фрлена“ тема со цел да се предизвика дебата, односно намерно средство за одвлекување на вниманието од реалните и итни прашања со кои се соочува државата, велат од ДУИ.

„Ова признание од страна на премиерот е алармантно, бидејќи потврдува дека оваа влада не се води од долгорочна визија за државата, туку од дневно политички калкулации, со цел да се прикријат неуспесите и вистината да се држи далеку од јавноста.

Вистината е дека Северна Македонија сè повеќе тоне во изолација. Тоа го потврдува и последниот извештај на Европскиот парламент, во кој се истакнува стагнацијата на државата во процесот на интеграција, зголемениот руско влијание и концептот на „српскиот свет“ во внатрешната политика, како и недостатокот на демократски напредок.

Јасно е дека руското влијание и концептот на „српскиот свет“ имаат за цел да ја држат Северна Македонија изолирана, далеку од Европската унија и западните вредности. Дел од ова сценарио е и систематското исклучување на Албанците од институциите, од носењето одлуки и од јавниот живот.

Оваа влада, наместо да биде фактор на обединување, се движи по опасен пат кој има за цел меѓуетничка поделба, маргинализација на Албанците и ослабување на евроатлантската ориентација на државата.

ДУИ ќе продолжи цврсто да стои во одбрана на евроатлантските интереси на граѓаните и на државата, спротивставувајќи се на секој обид за изолација, дефокусирање или исклучување, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна

ВМРО-ДПМНЕ: Албанците не се загрозени – загрозени се само милионските шеми и криминалните комбинации на ДУИ

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

ДУИ: Наместо да измислува имагинарни непријатели, премиерот треба да објасни зошто неговата влада го крши Уставот

ДИК го намали бројот на советници во албанските општини, обвинува ДУИ

Нема да дозволиме неправда, заврши времето на измами, велат од Влен