Синер во осминафиналето на Вимблдон

Од:

Тенисерот број еден во светот, Италијанецот Јаник Синер, се квалификуваше во осминафиналето на Вимблдон, откако го победи 52-от играч во светот, Педро Мартинез, Шпанија, во третото коло денес во Лондон, по три сета, со 6:1, 6:3, 6:1.

Натпреварот траеше еден час и 55 минути.

Синер шест пати го зеде сервисот на шпанскиот тенисер, додека Мартинез не освои ниту еден брејк.

Италијанскиот тенисер забележа 11 аса, додека Мартинез не освои ниту еден поен директно од сервисот.

Во осминафиналето, Синер ќе игра против победникот од дуелот помеѓу 21-от тенисер во светот, Бугаринот Григор Димитров, и 165-от играч во светот, Австриецот Себастијан Офнер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сабаленка по поразот: „Е** се“

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство

Француската полиција спречила обид за киднапирање на Мбапе

Пет часа борба и драма: Зверев го преживеа „пеколот“ и продолжи понатаму

Горан Наумовски

Венус Вилијамс елиминирана на стартот, Свитолина со убедлива победа на УС Опен

Алкараз прв фаворит за титулата на УС Опен, Ѓоковиќ дури трет според прогнозите