Тениската легенда, Џими Конорс има рак

Од:

Американската тениска легенда Џими Конорс (74) откри дека му е дијагностициран рак на кожата на увото.

Освојувачот на рекордни 109 АТП титули не прецизираше за каков вид на рак станува збор.

Тој изјави дека е шест недели во процес на лекување и дека ќе покаже како изгледа сè откако увото целосно ќе заздрави.

Веста доаѓа како изненадување, бидејќи Конорс изгледаше здраво на неодамнешниот Ју-Ес Опен.

Конорс ги охрабри луѓето да користат крема за сончање.

Тој го пофали медицинскиот тим за добрата грижа, но апелираше до луѓето да се заштитат од сонцето за да не мораат да поминуваат низ истото.

Конорс се пензионираше во 1996 година со осум освоени Грен слем титули, а на првото место на АТП листата за првпат се најде во 1974 година.

Би можело да ве интересира

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев

(ВИДЕО) Сабаленка по поразот: „Е** се“

Пет часа борба и драма: Зверев го преживеа „пеколот“ и продолжи понатаму

Горан Наумовски

Венус Вилијамс елиминирана на стартот, Свитолина со убедлива победа на УС Опен

Алкараз прв фаворит за титулата на УС Опен, Ѓоковиќ дури трет според прогнозите

Шокантен пораз на Зверев