Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Од:

Женско лице попладнево околу 14 часот паднало кај охридската населба Канео, кај карпите што се издигаат над јужниот брег на Охридското Езеро. Станува збор за повозрасна жена, туристка од Јапонија, која паднала на скалите кај црквата „Свети јован Канео“, при што се здобила со полесни повреди.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, ја потврди информацијата, посочувајќи дека веднаш по дојавата за случајот на лице место биле испратени полициска и екипа на Службата за итна медицинска помош.

Жената која била во бесознание била згрижена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, каде по укажаната медицинска помош ги повратила нормалните животни функции и е во стабилна состојба.

Според неговите зборови, увидот на местото на несреќата укажува дека нема траги на насилство, односно дека се работи за несреќен случај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Несреќа во Италија: Жичарница удри во бариери, 100 луѓе се заробени, најмалку четворица се повредени

Горан Наумовски

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

(ВИДЕО) Несреќа во Романија: Се урна таван од затворен базен, се трага по деца кои се под урнатините

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента