Нетанјаху: Израел постигна голема победа во својата воена кампања против Иран

Од:

Израел постигна „голема победа“ во својата воена кампања против Иран, изјави денес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на состанокот на кабинетот во Ерусалим.

Нетанјаху рече дека со оваа победа, Израел елиминирал две непосредни егзистенцијални закани за да го обезбеди постоењето на Израел.

Израелскиот премиер рече дека за време на посетата на Белата куќа во февруари, презентирал планови за напад на иранскиот нуклеарен погон Фордоу со и без учество на САД, објави „Тајмс оф Израел“.

„Израел не побара одобрение… (Американскиот претседател Доналд) Трамп интервенираше и одлучи да ги изврши нападите“, рече Нетанјаху.

Тој рече дека разговарал со Трамп речиси секој ден, како и со потпретседателот на САД Џ.Д. Венс, државниот секретар Марк Рубио и специјалниот претставник на САД Стив Виткоф.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нуклеарен договор во замена за укинување на санкции, Иран им одговори на САД

ВИДЕО: Договор или многу трауматични последици – Трамп му дава на Иран еден месец

Катерина Ѓуровски

Трамп го испофали Орбан: Силен и моќен лидер

Трамп го испраќа најголемиот носач на авиони во светот на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Трамп: Херцог треба да се засрами што одби да го помилува Нетанјаху

Иранската телевизија објави „листа за отстрел“ на израелски функционери