(ВИДЕО) Нетанјаху: Скапо ќе платат тираните во Техеран

Од:

Израел ќе одговори силно за денешниот ирански напад со балистички ракети, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Терористичките тирани на Иран лансираа ракети врз болницата Сорока во Бершева и врз цивили во централниот дел на земјата“, напиша Нетанјаху на мрежата X.

Тој додаде дека „тираните во Техеран ќе платат скапо“ за овој напад, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелска болница во Бершева беше погодена утринава во најновиот ирански напад со балистички ракети врз Израел, а повеќе од 80 лица беа повредени во нападите низ целата земја, од кои четворица сериозно, соопшти медицинската служба Маген Давид Адом (MDA).

Покрај Бершева, ракетите ги погодија и Тел Авив, Рамат Ган и Холон, предизвикувајќи голема штета, објавија израелските медиуми.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах каде што е потребно

Над 3.000 убиени во Иран од почетокот на конфликтот со САД и Израел

(ВИДЕО) Иранците го оплакуваат Хамнеи: Завршува 40-дневниот период на жалост

Горан Наумовски

Иран ќе дозволи до 15 бродови дневно да поминуваат низ Ормутскиот теснец

Иран го отфрла клучното барање на САД

Катерина Ѓуровски

Цената на нафтата повторно расте поради сомнежите за примирјето меѓу САД и Иран