Група конгресмени со резолуција бараат забрана за учество на САД во војната против Иран

Од:

Група американски конгресмени, предводени од републиканецот Томас Маси и демократот Рохит Кана, поднесоа резолуција до Претставничкиот дом со која бараат итно повлекување на американските вооружени сили од непријавени воени активности против Исламската Република Иран.

Оваа резолуција, поднесена како „привилегирана“, мора веднаш да се разгледа во Претставничкиот дом, а потоа и во Сенатот.

Резолуцијата го повикува претседателот на САД, согласно член 5(в) од Законот за воени овластувања, да ја суспендира употребата на американските сили во непријавени воени дејствија против Иран, освен ако Конгресот експлицитно не донесе формална декларација за војна или специфично законско овластување.

„Ова не е наша војна. Дури и да беше, Уставот наложува таквите прашања да ги решава Конгресот“, рече Маси на платформата X (порано Твитер).
Во објаснувањето се наведува:

-дека Конгресот има единствено право да објави војна, според Уставот на САД;

-дека не се доделени воени овластувања за конфликти против Иран;

-дека претседателот мора да ги повлече своите сили доколку Конгресот конкретно го наложи тоа.

Сепак, резолуцијата не забранува разузнавачки и контраразузнавачки активности во кои е вклучен Иран, ниту пак овластува каква било употреба на воена сила. Исто така, е наведено дека таа не се меша во способноста на Соединетите Американски Држави да се одбранат од непосредна закана.

Покрај Маси и Кана, резолуцијата беше поддржана од многу други конгресмени: Дон Бејер (Вирџинија), Грег Касар (Тексас), Александра Окасио-Кортез и Нидија Веласкез (Њујорк), Лојд Догет (Тексас), Чуј Гарсија и Делија Рамирез (Илиноис), Прамила Џајапал (Вашингтон), Самер Ли (Пенсилванија), Џим Мекговерн и Ајана Пресли (Масачусетс), Илхан Омар (Минесота) и Рашида Тлаиб (Мичиген).

Политичките аналитичари во Вашингтон веруваат дека иницијативата доаѓа како одговор на растечките загрижености за можна вмешаност на САД во вооружен конфликт меѓу Израел и Иран без одобрение од законодавниот дом.

Би можело да ве интересира

Талибанците прават набљудувачки места од американските „хамви“ поставувајќи ги на бетонска конструкција

ВИДЕО: Зошто Путин не сака да седне со Зеленски? Трамп: Затоа што не му се допаѓа

Иран: Русите им ги дадоа на Израелците сите разузнавачки информации за противвоздушната одбрана

Предраг Петровиќ

Австралија: Илјадници луѓе се придружија на најголемите пропалестински и антиизраелски протести

Голема израелска офанзива во Газа, војската уништува згради, гранатира куќи и патишта

Горан Наумовски

Нетанјаху: Мојот план за преземање на Газа би можел да помогне во ослободувањето на заложниците