Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека за четири дена конфликт, Иран испукал 370 балистички ракети и стотици беспилотни летала кон израелска територија.
– До понеделник наутро (во Израел) загинаа 24 лица, а 592 лица беа ранети, од кои десет се во тешка состојба – се вели во соопштението.
Се тврди дека Иран успеал да погоди 30 цели во Израел.