Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Од:

Во општина Гази Баба, фирма била затекната од инспекторат на Град Скопје при вршење нелегални активности, правење огромна дива депонија со градежен и опасен отпад и бесправна експлоатација на земјиште, без лиценци, елаборати, дозволи и одобренија, што, како што велат од Градот, претставува сериозна опасност по здравјето на граѓаните и животната средина.

Од Град Скопје, апелираат до Министерството за внатрешни работи да постапи, бидејќи, нагласуваат, неказнивоста и непостапувањето предизвикува сторителите на вакви дела да мислат дека се недопирливи пред законот.

-Фирмата која прави дива депонија и каде се експлоатира, го има поткопано 110kV кабловски и воздушен далновод кој го напојува со електрична енергија градот Скопје. На ова земјиште сопственост на Република Македонија се прави сериозна штета на главниот далновод, известени се сите надлежни институции за кои очекуваме да не се кријат и да постапуваат, велат во соопштението од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Правиме помалку ѓубре од Европејците, проблем е што не селектираме, но и токсичноста на индустрискиот отпад

Пожар на депонијата „Краста“

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско