Левица: Зголемен број на наставници, намален број на ученици – 73% од учениците се функционално неписмени

Од:

Со години наназад бројот на ученици во македонските училишта опаѓа, а бројот на наставници континуирано расте. Само оваа година, споредено со претходната, во училиштата ширум Македонија биле ангажирани над 600 наставници повеќе. Во исто време, бројот на основци и средношколци се намалил за неколку илјади, велат од Левица.

„За жал зголемениот број на наставници не значи и поголем квалитет на образованието. ПИСА тестирањето јасно покажува дека дури 73,6% од учениците на 15-годишна возраст се функционално неписмени – не се оспособени да читаат со разбирање. Исто така, 66,2% не ја совладале математиката на основно ниво, а 65,3% не го разбираат основниот концепт од природните науки. Според извештајот на УНИЦЕФ, секое трето дете до 18 години е функционално неписмено!

Во меѓувреме, просечниот успех на учениците расте, а сè помалку ученици одат на поправни испити или повторуваат одделение, што директно покажува дека оценките се девалвирани и не ја одразуваат реалната слика.

Ако земеме предвид дека бројот на млади во државата драстично опаѓа – за една деценија, од 2011 до 2021, бројот на деца до 18 години е намален за 18% – и ако од тие што останале секое трето дете е функционално неписмено, тогаш јасно е дека партиите на власт ја уништуваат иднината на Македонија. Ова е резултат на децениското владеење на ротирачките партии – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ – кои девастивирајќи го образовниот систем, го обезбедуваат сопственото владеење.

Ова не е само статистика, туку аларм за итна промена! Нужно е итно да се крене глас и да се бара одговорност од оние кои го доведоа образовниот систем до колапс! Ученици без книги, просветни работници без потребни квалификации, училишта што не исполнуваат никакви стандарди и кадаровската политика согласно потребите на партиите, доведе до пеплосување на образовниот систем, којшто наместо да гради, ја уништува иднината на учениците, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред им ветува аква парк на скопјани

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН