(ВИДЕО) Грета Тунберг е депортирана од Израел

Од:

Шведската активистка Грета Тунберг е депортирана од Израел, заедно со еден од шесте француски активисти кои беа на брод за хуманитарна помош што пловеше кон Појасот Газа сè додека не беше уапсен од израелските власти, објави денес францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

„Еден од нашите сонародници потпиша израелски формулар со кој прифаќа депортација без да чека судска одлука. Неговото враќање во Франција се очекува денес. Другите петмина одбија, а нивната можна депортација ќе се случи по одлуката на израелски судија во наредните денови“, објави францускиот министер на маргините на конференцијата за заштита на океаните во Ница.

Министерот не го откри идентитетот на францускиот државјанин кој ќе се врати во земјата во вторник. Едрилицата „Мадлин“, која исплови од Сицилија на 1 јуни, превезуваше 12 лица, вклучувајќи ја шведската климатска активистка Грета Тунберг и француската европратеничка Рима Хасан.

Тунберг и другите активисти беа однесени на аеродромот во Тел Авив пред да бидат депортирани, соопшти израелското Министерство за надворешни работи. Бродот беше однесен во израелското пристаниште Ашдод, објави Ројтерс.

„Се очекува некои од патниците на „селфи јахтата“ да го напуштат Израел во наредните часови“, соопшти министерството.

Оние кои ќе одбијат да потпишат документи за депортација и да ја напуштат земјата ќе бидат изведени пред судија, во согласност со израелскиот закон, за да се одобри нивната депортација.

Активистите беа посетени на аеродромот од дипломатски претставници на нивните земји, додаде израелското министерство.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Нема да се повлечеме од Газа додека Хамас не се разоружа

Нетанјаху одобри реконструкција на дел од Појасот Газа кој не е под контрола на Хамас

Пезешкијан: Иран го осуети планот за копнена инвазија

(ВИДЕО) Израелски доселеници нападнаа палестинско село, па палеа куќи

Горан Наумовски

Пезешкијан: Иран ќе ја поддржи секоја одлука што ќе ја донесат палестинските лидери

Израелските одбранбени сили уништија таен тунел на Хезболах во Либан