ДУИ: Во последните две години во Чаир се изградени над 150 бесправни објекти

Од:

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за алармантната ситуација што се одвива во Општина Чаир, каде според Градот Скопје, само во последните две години се изградени над 150 бесправни објекти, претворајќи една од најгусто населените урбани зони во Европа во неподносливо и опасно место за живеење на над 62 илјади граѓани, тврдат од ДУИ.

„Објавените снимки од самата градоначалничка на Скопје, кои прикажуваат градби покрај училишта, приватни куќи и тесни улички во старите маала, се потресен доказ за еден хаос кој е или поддржан или толериран од институциите. Денешниот Чаир изгледа како мозаик од случајни градби – без план, без логика, и пред сè, без никаква грижа за јавната безбедност.

Отворање темели без заштита, високи згради кои го блокираат светлото на еднокатните куќи, објекти до училишни дворови што го загрозуваат животот на децата , ова е сликата на реалноста што бара итен одговор. Државните институции не реагираат. Нема сигнал од инспекциските служби, ниту интервенција од надлежните структури задолжени за надзор на законитоста.

Оваа неактивност е неприфатлива и претставува директен неуспех на системот да го заштити јавниот интерес и урбаниот ред. Нереагирањето стана дел од проблемот. ДУИ бара надлежните институции веднаш да преземат мерки за да ја истражат и сопрат оваа опасна појава. Државниот молк не смее да биде штит за оние што систематски го уништуваат единствениот животен простор на жителите на оваа општина. Ова повеќе не е само урбанистички проблем , ова е криза на јавната безбедност и на граѓанското достоинство. ДУИ цврсто стои на страната на жителите на Чаир и бара враќање на законитоста, институционалната одговорност и почитувањето на секојдневниот живот на луѓето кои заслужуваат да живеат во безбедна и достоинствена средина“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ