Двете сирачиња, бебето – кенгур Анзак и Пеги – вомбатот ( торбар со навики на глодар) станаа неразделни пријатели откако ги оставија да живеат заедно во центарот за згрижување на животни „ Wild about Wildlife Kilmore Rescue Centre“.
Тие спијат едно покрај друго во импровизирана лулка и си пружат меѓусебна утеха.
Лиса Милиган, вработена во центарот, рече дека на другарчињата им оди многу добро заедно, макар што кенгурчето Анзак е многу дружељубиво, наспроти Пеги која е многу гласна и тврдоглава.