Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз цела Газа, не попуштаме

Од:

Израел ќе ја преземе контролата врз целата територија на Појасот Газа, изјави денес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во услови на обновена воена офанзива на палестинската територија.

„Борбите се интензивни и ние напредуваме. Ќе ја преземеме контролата врз целата територија во Појасот Газа. Не попуштаме. Но, за да успееме, мора да дејствуваме на начин на кој тие нема да можат да нè спречат“, рече Нетанјаху во видео објавено на неговиот профил на Телеграм.

Израелскиот премиер додаде дека Израел мора да спречи глад во Газа „од дипломатски причини“, откако најави ограничено враќање на хуманитарната помош на палестинската територија.

Нетанјаху додаде дека „пријателите на Израел“ му рекле дека повеќе не можат да го поддржат продолжувањето на војната ако се прикажат слики од масовен глад на палестинските територии.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Газа: 1.373 луѓе починале од крајот на мај додека се обидувале да набават храна

Франција почна да испорачува хуманитарна помош од воздух во Газа

(ВИДЕО) Хутите повторно го гранатираа израелскиот аеродром Бен Гурион

Горан Наумовски

Словенија воведе ембарго за оружје за Израел

(ВИДЕО) Чудо: Девојче од Газа преживеа куршум кој и заврши во главата

Предраг Петровиќ

18.500 палестински деца кои се убиени во Појасот Газа