ВИДЕО: Оскаровката Сузан Сарандон приведена во Њу Јорк на протест против Нетанјаху

Од:

Оскаровката Сузан Сарандон и актерката Хана Ајнбајндер беа приведени во Њујорк за време на протест против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој вчера се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации.

На снимките од протестот се гледа како припадници на њујоршката полиција (NYPD) ѝ ставаат лисици на Сарандон. Протестот го организираше групата Jewish Voice for Peace, а учесниците носеа транспаренти со пораки „Престанете да го вооружувате Израел“ и „Запрете го геноцидот“.

Според „Њујорк пост“, меѓу приведените била и актерката Хана Ајнбајндер, како и кандидатката на Демократската партија за Конгрес, Дариализа Авила Шевалие, и членот на Градскиот совет на Њујорк, Чи Осе.

Од њујоршката полиција соопштија дека реагирале на пријава за „ненajавен протест“ при што демонстрантите блокирале раскрсница.

„Припадниците на Бирото им издадоа предупредувања на учесниците да ја напуштат локацијата. Бидејќи продолжија со блокадата, беа приведени повеќе лица кои не постапија по наредбата“, изјавила портпаролката на полицијата, без да го соопшти точниот број на приведени.

Во исто време, додека се одржуваше протестот пред зградата на ОН, повеќе дипломати ја напуштија салата откако Нетанјаху го започна своето обраќање пред Генералното собрание.

Сарандон и претходно учествуваше на протести поврзани со војната во Газа. На филмскиот фестивал во Венеција неодамна изјави дека поради нејзините јавни ставови изгубила професионални ангажмани.

„Неодамна повторно ми беа одземени улоги бидејќи постојат агенции кои ги советуваат луѓето да не ме ангажираат“, изјавила Сарандон.

Ајнбајндер, исто така, во повеќе наврати јавно зборуваше за ситуацијата во Газа и за нејзината поддршка за Палестинците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху го нападна градоначалникот на Њујорк во ОН, доби одговор

Израел распоредува дополнителни сили на Западниот брег

Нетанјаху по нападот на Западниот Брег: Ќе ги повикаме на одговорност сите терористи!

А1он

Нетанјаху најави одземање државјанство за критичарите на израелската армија

Нетанјаху: Трамп предложи „опсада“ на Иран наместо нова војна

За Нетанјаху турскиот претседател Ердоган е „антисемитски диктатор“

А1он