Трамп е во офанзива, денеска ќе разговара со Путин и Зеленски

Од:

Откако стана јасно дека првите директни преговори меѓу Русија и Украина не дадоа многу резултати, самиот американски претседател Доналд Трамп тргна во офанзива.

Како што е најавено, тој денес ќе разговара со лидерите на Русија и Украина – Владимир Путин и Володимир Зеленски – за, како што рече, „запирање на крвопролевањето“ и завршување на војната во Украина.

Американскиот претседател изјави дека телефонскиот разговор ќе се одржи во 10 часот, односно во 16 часот по македонско време.

После тоа, Трамп ќе разговара со украинскиот претседател и лидерите на некои земји-членки на НАТО.

Пред разговорите, Путин го повтори своето барање дека секој мировен договор со Украина треба „да ги елиминира причините што ја предизвикаа оваа криза“ и „да ја гарантира безбедноста на Русија“.

„Слушајте, ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, иако се соочи со широки критики затоа што не зазеде цврст став кон Путин, кој одби да се појави на директни разговори во Истанбул.

И токму она што се случи на тие разговори треба да го принуди американскиот претседател да го зголеми притисокот врз Русија.

Русите наводно побарале повлекување на украинските трупи од четири региони што ги окупирале делумно и капитулација на уште два, за секој случај.

Украинските преговарачи рекоа дека имало и „застрашувачки момент, кога Русите се заканувале како гангстери“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: „Од ноќеска тарифите за Србија повеќе не постојат“; „Америка ги укина царините од 35 отсто“

Трамп со закана до Путин и Си: Би било многу лошо ако го вооружувате Иран

Иран го отфрли предлогот на Трамп за прекин на огнот

Горан Наумовски

Трамп воведе нов бран царини: Погодени се повеќе од 60 земји

Трамп сака проширување на воените операции

Европа договори нов удар за Путин: нови мерки за банки, нафта и „сенката флота“