Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

Од:

Руските преговарачи на мировните преговори во Истанбул побараа, пред да се согласи на прекин на огнот, Украина да ги повлече своите сили од сите украински области што ги смета Москва за свои, изјави висок украински функционер запознаен со преговорите. Тоа барање, заедно со другите што беа презентирани во петокот, оди подалеку од рамката на нацрт-мировниот договор што САД го предложија минатиот месец по консултациите со Москва.

Првите директни преговори во Истанбул меѓу двете страни за три години завршија со договор за размена на воени заробеници, без договор за прекин на огнот.

Првиот услов е украинската армија целосно да се повлече од четирите региони што ги бара Русија.
Според украинскиот функционер, Русите предложиле повлекување на украинските војници од Донецк, Запорожје, Херсон и Луганск како услови за мировниот договор, а дури потоа би имало прекин на огнот.

Русија претежно ги контролира сите овие региони, но украинската армија сè уште се бори во некои делови.

Русите исто така бараат тие територии да бидат меѓународно признати како руски.

Москва дополнително бара меѓународната заедница да признае пет области на Украина како руски. Заедно со Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон, се бара и признавање на Крим, анектиран во 2014 година, како дел од руска територија.

Во американскиот предлог, постои „де јуре“ (правно) признавање само за Крим и „де факто“ (фактичко) признавање за делови од други региони под руска контрола.

Третиот главен услов е откажување од правото на воена репарација.

Москва побара сите страни да се откажат од своите права на воена отштета, додека САД бараат Украина да добие отштета.

Украинскиот функционер рече дека руските преговарачи ги изнеле тие барања усно, а не писмено.

Украина оцени дека преговарачката позиција на Русија во Истанбул покажала дека Москва не е сериозна во врска со постигнувањето мир, а европските сојузници на Киев бараат од американскиот претседател Доналд Трамп да воведе нови санкции врз Русија.

Киев и неговите европски сојузници изработија алтернативен предлог, според кој прво ќе се случи прекин на огнот, а дури потоа ќе започнат преговорите. Тие, исто така, одбиваат да разговараат за територијални прашања до подоцнежна фаза. Русија отфрла прекин на огнот, тоа би се случило само кога би се склучил конечен договор.

Би можело да ве интересира

Украинци: Северна Кореја испраќа до 30.000 војници, најверојатно за во офанзива

Руската противвоздушна одбрана одби напад со беспилотни летала во Ростовската област

Виктор Орбан: За да се стави крај на војната во Украина, потребни се дипломати, а не генерали

Горан Наумовски

Едно лице загина во напад во Харковскиот регион

Боцан-Харченко: Ситуацијата во Србија е под контрола на властите, надворешните антисрпски сили ги користат протестите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ким Јонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници загинати во Украина