Израелски министер повика на бомбардирање на магацините за храна во Газа: „Мора да гладуваат“

Од:

Израелскиот министер Амихаи Елијаху повика на бомбардирање на магацини за храна во Газа во интервју за Канал 7, пишува „Џерусалим пост“.

„Тие мора да гладуваат. Ако има цивили кои се плашат за своите животи, треба да поминат низ планот за емиграција. Штом ќе им стане тешко, ќе биде тешко и за Хамас. Немам проблем со бомбардирање на резервите на гориво и храна на Хамас“, рече Елијаху.

Во меѓувреме, висок функционер на Хамас рече дека групата повеќе не е заинтересирана за преговори за примирје со Израел и ја повика меѓународната заедница да ја запре израелската „војна со глад“ против Газа. „Нема смисла да се водат преговори или да се разгледуваат нови предлози за прекин на огнот се додека војната на гладта и војната за истребување продолжува во Појасот Газа“, изјави Басем Наим за АФП.

Тој додаде дека светот мора да изврши притисок врз владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да стави крај на „злосторствата на глад, жед и убиства“ во Газа.

Наим, член на политичкото биро на Хамас и поранешен министер за здравство во Газа, ги даде коментарите еден ден откако израелската војска објави дека проширените операции во Газа ќе вклучуваат раселување на „мнозинството“ од нејзиното население.

По тој повод, Израел објави и дека безбедносниот кабинет на земјата го одобрил армискиот план за проширени операции, за кои израелски официјален претставник рече дека ќе вклучува „освојување на Појасот Газа и задржување на територијата“. Речиси сите жители на територијата се раселени, честопати повеќе пати, од почетокот на војната предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Газа е под целосна израелска блокада од 2 март и се соочува со тешка хуманитарна криза. Израелската војска ја продолжи офанзивата на Појасот Газа на 18 март, со што стави крај на двомесечниот прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Сар: Израел ја поддржува борбата на иранскиот народ за слобода

Израел e во состојба на висока готовност поради можен напад на САД врз Иран

ВИДЕО: Иран во пламен: Повеќе од 50 мртви, Револуционерната гарда се заканува со „крвава одмазда“

Предраг Петровиќ

Нетанјаху: Добивме зелено светло да го нападнеме Либан

Лариџани: САД и Израел поттикнуваaт протести во Иран

Ал-Хути: Секое израелско присуство во Сомалиленд или во Сомалија ќе биде легитимна воена цел

Горан Наумовски