(ВИДЕО) Израел се бори со огромни пожари, постои сомневање за тероризам, уапсени се неколку лица

Од:

Израелските власти се сомневаат во тероризам во бранот големи пожари што доведоа до прогласување вонредна состојба во делови од Израел, изјави за „Медиа лајн“ неименуван извор од израелските безбедносни служби.

Пожарите избувнаа вчера, додека земјата го одбележуваше Денот на сеќавањето на паднатите војници и жртвите на тероризмот и се подготвуваше за прослава на 77-от Ден на независноста.

Извор потврди за „Медиа Лајн“ дека неколку лица се уапсени во врска со осомничениот пожар, но одби да открие дополнителни детали поради чувствителноста на истрагата.

Пожарите, поттикнати од силни ветрови и суво време, доведоа до евакуација на бројни заедници. Службите за итни случаи се борат со пожарот, кој веќе предизвика голема материјална штета и затворање на патишта. Засега нема информации за жртви, но властите предупредуваат дека ситуацијата останува опасна и непредвидлива.

„Ова се третира како национална вонредна состојба“, рече изворот, посочувајќи на докази дека пожарите биле намерно подметнати и на координиран начин. Времето на пожарите – на ден на национална жалост, непосредно пред прославите за државноста – предизвика загриженост дека нападите имале за цел да предизвикаат паника и да го нарушат националниот морал.

Би можело да ве интересира

Најмалку петмина загинаа во израелски напади во јужен Либан

Повеќето Израелци веруваат дека Нетанјаху треба да се повлече од политиката

Хезболах го отфрла прекинот на огнот додека израелските сили се во Либан

Израел го бомбардираше Либан – ноќеска најмалку 16 убиени

А1он

Нетанјаху им вети на Израелците победа над Иран, сега молчи за договорот

Иран: Мировниот договор со САД зависи од повлекувањето на Израел од Либан