Северна Кореја потврди дека испратила војници во Русија

Од:

Централната воена комисија на Работничката партија на Северна Кореја го потврди учеството на единици на севернокорејската армија на страната на Русија, а против украинските одбранбени сили во Курскиот регион, објави севернокорејската новинска агенција KCNA.

Агенцијата наведува дека севернокорејските сили дале значаен придонес во ослободувањето на Курската област од украинските трупи.

Се забележува дека севернокорејскиот воен персонал бил испратен да учествува во борбите во Курската област врз основа на договор за меѓусебна одбрана потпишан од Москва и Пјонгјанг во јуни минатата година, објави Укринформ.

Централната воена комисија тврди дека севернокорејската армија учествувала во борбите само во рамките на Русија, што, како што наведува, е „целосно во согласност со одредбите од Повелбата на Обединетите нации 51 и други меѓународни договори“.

Се наведува дека наскоро во Пјонгјанг ќе биде подигнат споменик во чест на подвизите на севернокорејските војници на руска територија.

Би можело да ве интересира

Русија ги осуди нападите на САД врз Иран

Киев: Русија ја нападна Одеса со беспилотни летала, повредени се 14 лица

Зеленски: Тоа што Русија го брани Иран ја покажува потреба од построги санкции

Москва: Атентатот врз врховниот лидер на земјата би ја отворил Пандорината кутија

Јакнењето на врските со африканските земји е приоритет за Русија, вели Путин

А1он

Орбан: Бирократите во Брисел сакаат да ја продолжат војната во Украина