Хамас објави снимка од снајперски напад врз израелски војници: Еден убиен, тројца ранети

Од:

Вооруженото крило на бригадите на Хамас Ал-Касам објави видео од напад врз израелски војници во Појасот Газа во кој користеле снајпери.

Како што е наведено, нападот е извршен на самиот север од Појасот Газа во областа Бејт Ханун, а во таа прилика е употребена снајперската пушка „Гул“.

На видеото се гледа како припадници на бригадата Ал-Касам погодуваат неколку израелски војници кои биле на оклопно возило.

Претходно, израелските медиуми објавија дека резервист кој служел како возач на тенк во 79-от баталјон на 14-та бригада, позната и како Бригада Махац, бил убиен во координиран напад во кој биле употребени противтенковски оружја и снајпер.

Тројца други војници покрај него беа ранети, двајца потешко и еден полесно. Ранетите биле евакуирани во болница на лекување.

Би можело да ве интересира

Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската

ВИДЕО: Повторно одмазда со ракетен напад, Техеран тврди дека уништил авиони Ф-35

Предраг Петровиќ

Речиси 13.000 починати поради жештините во Германија и Велика Британија

Половина од Американците го поддржуваат апсењето на Нетанјаху

ВИДЕО: Израелците нелегално влегуваат во Сирија, сакаат да основаат еврејски населби

Катерина Ѓуровски