Прогласена вонредна состојба во Колумбија: Се шири опасна епидемија на вируси

Од:

Колумбиската влада прогласи вонредна состојба на национално ниво поради зголемување на случаите на жолта треска.

Епидемијата резултираше со 74 потврдени случаи на инфекција и 34 смртни случаи од почетокот на минатата година, изјави министерот за здравство Гиљермо Алфонсо Јарамило, пренесува Ројтерс.

Јарамило рече дека најкритична е ситуацијата во Толима, во централно-западна Колумбија, каде што се откриени 22 случаи.

Жолтата треска е акутна вирусна хеморагична болест која се пренесува со каснување на заразен комарец од родот Aedes и Haemogogus.

Би можело да ве интересира

Колумбија: Ослободени од заробеништво 28 полицајци

Петро: Кокаинот е нелегален само затоа што доаѓа од Латинска Америка

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести